Прашалник

Учесниците пополнуваат прашалник во училница за време на настава (прашалникот има времетраење од 45 минути).

Прашалникот HBSC што се користи во Северна Македонија содржи меѓународни и национални прашања. Тим на експерти од земјите што учествуваат во студијата ги изработуваат меѓународните прашања, додека македонски експерти додаваат одредени национални прашања со цел да се соберат повеќе податоци за специфични теми. Од етички причини и за да не се преоптоварат помладите учесници, некои прашања (оние за употреба на нелегални супстанции и за сексуалност) се вклучени само во долгата верзија на прашалникот наменета за учениците од осмо и деветто одделение, кои најчесто имаат 14 или 15 години.