Лина Ќостарова-Унковска 

  

Лина Ќостарова-Унковска е клинички психолог, специјалист за психологија на траума и криза и главен истражувач во македонскиот ХБСЦ тим, од 1998 година. По 20-годишна работа на Универзитетот во Скопје, како предавач на предметите клиничка психологија и ментално здравје, го основаше Центарот за психосоцијална и кризна акција, како независна професионална агенција. Во рамки на центарот се организираат проекти, интервенции и акции како одговор на итната потреба за психосоцијална помош и поддршка на индивидуалци, групи и заедници под ризик, а особено деца и млади кои се соочуваат со сиромаштија, социјална нееднаквост, загрозување на човековите права, во периоди на многу изразена и турбулентна трансформација на системот.

Шерузе Османи Балажи 

    

Шерузе Османи Балажи e доцент во областа на социјалната психологија на студиската програма Психологија при Филозофски Факултет, ДУТ, Тетово. Член е во Македонската Асоцијација за Трансакциска Анализа (MATA). Нејзиното поле на истражувањa вклучува: социјален и етнички идентитет, групни односи и интергрупни ставови. Се вклучи во HBSC истражувањето во 2006 како анкетар, а во 2010 како истражувач.

Калина Сотироска Иваноска

Калина Сотироска Иваноска е вонреден професор на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзинте истражувачки интереси се насочени кон унапредување на училиштето и наставниот кадар со цел подобрување на здравјето и добросостојбата на младите. Активно се ангажира за практично подобрување на животите на младите.

Маја Цветаноска 

Маја-слика.png

Образованието на Маја е во областа на психологијата и градењето мир, а пак професионалниот фокус и е на изнаоѓање иновативни решенија во образованието и социјалната инклузија. Има работено на проекти за ран детски развој, правата на детето,
разрешување конфликти, интеграција на ИКТ во образованието, подготовка за вработување на млади, инклузија на деца и млади од ранливи групи, психо-социјална поддршка на децата бегалци, како и на проекти за подигање на свеста за правата на бегалците. Како претприемник, има основано градинка и НВО за да понуди алтернативни пристапи и во текот на своето речиси 25 годишно работно искуство има воведено иновации преку градење на професионални заедници за учење меѓу наставници и воспитувачи и примена на косоздавање (co-creation) со вклучување на млади. Во 2018 година се приклучува кон македонскиот тим на Студијата ХБСЦ.

Ибрахим Незири

Ибрахим Незири е вонреден професор во областа на организациска психологија, психометрија и методологија, на студиската програма Психолохија при Филозофскиот Факултет, ДУТ, Тетово. Неговото поле на истражување вклучува: психолошки и социјални
работни услови, важноста и ефектите на семејната кохезија врз ефикасноста на вработените, како и методологија на научните истражувања, развиени вештини за статистичка обработка на податоци и умешно користи различни програми за собирање и обработка на податоци. Исто така се залага за подобрување на наставниот кадар во земјата, истражувајќи различни аспекти на нивното работење со што ја истакнува важноста на професијата наставник врз социјалното и ментално здравје на учениците. Во тимот на ХБСЦ е вклучен во 2021 година.

Лулјета Беџети

Лулјета Беџети е доцент на Филозофскиот факултет на студиската програма Психологија при Универзитетот во Тетово. Докторските студии ги завршила на Европскиот Универзитет на Тирана, Република Албанија (2017), и дипломирала и магистрирала на Филозофскиот факултет во Тетово. Нејзините истражувачки интереси се од полето на организациската психологија, односите меѓу родовите, менаџирањето на  човечките ресурси, психологија на комуникацијата, психологија на емоционалната интелигенција. Од 2021 година е дел од македонскиот ХБСЦ тим.

Ана Попризова

Ана Попризова е психолог и Гешталт терапевт. Над 20 години работи во средно училиште како професор по психологија и училиштен психолог. Претседателка е на Активот на стручни соработници на средните училишта на Град Скопје. Сака да работи со млади и покажува посебен интерес за психологијата на адолесцентите, ги познава нивните особини, период на развој и предизвиците со кои се соочуваат во образовниот процес и пошироко. Добро го познава образовниот систем и има искуство во работа и едукација на наставници, стручни соработници и родители. Ја интересираат и теми од менталното здравје, начините и методите за личен раст и развој на личноста.

Иван Христов

Иван Христов е училиштен психолог и гешталт психотерапевт под супервизија. Има долгогодишно искуство во работа со деца од училишна и предучилишна возраст. Има работено на домашни и странски проекти од областа на образованието, раниот детски развој, менторирање и инклузија. Исто така, тој е и обучувач од областа на психологијата и психолошката поддршка. Верува дека преку свесност, одговорност и поддршка можеме да го менуваме нашето однесување и да имаме поисполнето секојдневие. Дел од тимот на Студијата ХБСЦ е од 2022 година.