Здравјето како квалитет на живот: Социјални неднаквости меѓу младите во Р. Македонија (2013)
Во овој извештај се претставени резултатите од Студијата за однесувањата поврзани со здравјето кај децата од училишна возраст во Македонија (2010). Извештајот е продолжение на меѓународниот извештај „Социјални детерминанти на здравјето и добросостојбата на младите“, со дополнителни споредбени анализи на различни индикатори на здравјето кај две подгрупи деца од македонскиот примерок, дефинирани според јазикот на кој ја следат наставата (македонскиот и албанскиот). Наодите се анализирани во контекст на конкретните развојни, средински, културни и економски услови на семејството, во кое децата во Македонија живеат и растат. Целта на овој извештај е да помогне во стекнувањето нови и посеопфатни увиди во однесувањето поврзано со здравјето на македонските деца, споредени со младите од другите земји во светот, а со тоа да помогне и во градењето политики и практики за унапредување на нивното здравје, засновани на евиденција.